×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петгодишен јубилеј на детската претстава „Трнорушка“

    16.04.2025 15:16 | Оливера Пешевска

    Детската претстава „Трнорушка“ вечера ќе прослави пет години од премиерната изведба.

    Петгодишен јубилеј на детската претстава „Трнорушка“

    Претставата ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура со почеток во 18 часот, а билетите се продаваат по симболична цена од 75 денари.

    „Голем успех е еден локален театар да има претстава која опстојува и привлекува публика и по 5 години. Затоа ни е огромно задоволство да ја репризираме на 5 роденден и заедно со публиката да го прославиме. Со истата продукција продолжуваме и понатаму, во мај ќе гостува на реномиран фестивал во Бугарија“, истакна директорот Сашо Тодоровски.

    Претставата ќе гостуваат на Меѓународниот фестивал за деца и млади во Трговиште, Република Бугарија, а досега е играна на фестивалот „Малиот принц“ во Штип, на сцената во Гевгелија, Крива Паланка, Прилеп и други места во државата.   

    До сега имале околу 30 изведби на „Трнорушка“, а и денеска се игра во оригиналната постава од премиерата- Владанка Крстевски, Сања Русеска, Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Нина Максимова, Давид Илиќ и Владо Дојчиновски. Режијата е на Бојана Краљевска, сценографијата на Крсто Богојевски, текстот по адаптација на Зоран Зафировски, Дарко Илиевски работеше на костимите, а Александар Митрички ја обезбеди музичката поддршка.