×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петмина кумановци добија награди од „Мој ДДВ-Моја награда“

    05.01.2020 09:49 | KumanovoNews

    Во наградната игра на Министерството за финансии „Мој ДДВ-Моја награда“ петмина кумановци освоија награди од дневното извлекување. 

    Петмина кумановци добија награди од „Мој ДДВ-Моја награда“

     Двајца добија по две илјади денари и тројца по илјада денари. Тие нема да можат да учествуваат во понатамошните дневни извлекувања но и месечните.

     Во извлекувањата на 31.12., 1.01. и 02.01 наградени се: Шенаси Џељадини Куманово 2000, Славица Јанчиќ Куманово 2000, Павлина Димковска Куманово 1000, Ангела Јосковска Куманово 1000 и Арменд Адеми Куманово 1000 денари.

    Наградната игра започна од 15 декември.

     Вчера се извлечени се и првите награди од по 100.000 денари на петнаесет среќни добитници, меѓу нив нема граѓани од Куманово.

    За наградната игра што ја организира Министерството за финансии, граѓаните може да ги скенираат сите сметки, дури и оние на кои е изразено нула денари ДДВ. Наградниот фонд е половина милион евра, а ќе се доделат 3852 парични награди на дневна, месечна и две главни награди.

    На дневна основа ќе се доделуваат четири награди по 1000 денари, три награди по 2000 денари и три награди по 3000 денари. Наградите ќе се влечат електронски, известувањето ќе се добива веднаш по скенирање на сметката. На месечно ниво предвидено е доделување 15 награди по 100.000 денари а доделувањето на главните награди од по 3.000.000 денари ќе биде на 18 март и 19 декември 2020 година

    Добитници на дневните награди можете да ги видите на овој ЛИНК