×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петнаесетина кумановци повредени на снег и лед

    05.01.2016 16:33 | KumanovoNews

     Петнаесетина лица се повредиле во изминатите два дена, откако паднале на заледените улици и тротоари во Куманово

    Петнаесетина кумановци повредени на снег и лед

    Од хируршкото одделение во Општа болница Куманово велат дека се работи за 8 машки и 7 женски лица, три деца и повозрасни граѓани. Од вкупниот број повредени од паѓање на снег, 3 имаат скршена нога, 5 скршеници на рака, 1 со скршено ребро, а останатите се со набиеници по телото.

    „Една жена со скршен колк е пратена на лекување во Скопје, а другите се санирани кај нас и пуштени на домашно лекување.Првиот снег и ниските температури допринесоа да се зголеми бројот на пациенти, така што овие неколку дена од старата и од новата година имаме зголемен број на повреди на екстремитети,“- велат од хирургија.

    Лекарите апелираат до граѓаните да бидат внимателни кога се движат по замрзнати улици и тротоари во утринските и вечерните часови, да одат по посигурни подлоги, да не излегуваат од дома често доколку не имаат некоја итна потреба, а на децата им порача да бидат попретпазливи во игрите на снег.