Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Верниците во црквата „Света Петка“ во населба Бедиње, денеска го прославија празникот Петок Балаклија.
Голем број верници го посетија овој верски храм, а иста беше сликата и вчера кога во црквата со вечерната богослужба чиноначалствуваше владиката Кумановско-осоговски Јосиф. Верниците запалија свеќи за здравје и земаа осветена вода.
Источен петок се слави во петок во Светлата седмица, а посветен е и на живоносниот извор каде што се случиле голем број чуда - вели отец Антонио Стојковски од црквата „Света Петка“.
На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен живоносен извор, поради чудотворниот извор што се наоѓа во него и од чии води се лекувале болните.