Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петоодделенци од подрачните училишта од селата Тромеѓа, Речица, Долно Којнаре и Костурник, денеска ги посетија просториите на СВР Куманово за да се запознаат со работата на полицијата.
Посетата се организира по повод 9 декември - Ден на превенција во полицијата. Учениците ги разгледаа просториите на службите и возилата со кои располага полицијата.
Избрани се деца од петто одделение бидејќи следната година ќе продолжат да се школуваат во подрачните училишта, и треба да ги знаат ингеренциите на полицијата.Со нив разговаравме за нивната безбедност во домот, безбедност во сообраќајот, безбедност во училиштето. Им поделивме брошури „Реонски полицаец ве советува“ да ги разгледаат дома и во второто полугодие ќе бидат посетени од наши полицајци и ќе се зборува за содржината и безбедносните совети. Тука се опфатени поважните телефонски броеви, безбедност на интернет“ - вели Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
Професорите велат дека посетата е корисна затоа што децата се запознаваат со работата на полицијата, што се прекршочни, а што кривични дела и слично.
“Децата ги знаат основните сообраќајни правила за нивна возраст. Среќни се и изненадени што можат да видат нешто повеќе. Тие од следната година ќе учат тука во централните училишта и треба да знаат како и кога да поминат улица“ - рече Виолета Трајковска, одделенски наставник во “Христијан Карпош“ во село Тромеѓа.
Од отсек за превенција на учениците им поделија скромни подароци за да се сеќаваат на оваа посета на СВР Куманово.