Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пијан возач навредувал полицаец бидејќи сакал да го казни.
Инцидентот се случил вчера во 4 часот по полноќ, додека полицаецот вршел проверка на возилата вклучени во сообраќајот. На улицата “Ленинова“ бил сопрен мерцедес кој го управувал Б.И.(29) од Куманово, поради сомнение дека вози под дејство на алкохол. По извршен алкотест кај возачот е отриено присутво на 1.05 промили алкохол во крвта. Полицаецот му соопштил на возачот дека ќе треба да плати казна, по што тој се обидел да ги одземе документите од неговите раце и почнал да го навредува.
Б.И. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.