Пијано концерт на студенти
02.06.2014 07:11
| KumanovoNews
Во малата сала на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утревечер во 20 часот пијано концерт ќе одржат студентите по пијано Иван Трајковски и Анастасија Грговска.
Тие се студенти во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска на Факултетот за музичка уметност во Скопје. На програмата се дела од композиторите Лист, Бетовен, Хајдн, Прокофјев и Гуно.