Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Компанијата „Пин Петрол“ од Куманово, во чиј состав функционира современа бензинска пумпа, станица за технички преглед, ресторан, супер маркет и автоматски перални, слави три години постоење и успешна работа.
По тој повод од компанијата подготвуваат награди и изненадувања за своите редовни клинети и граѓаните, кои ги посетат утре и во текот на целиот месец август.
„По повод 3 години работење, со секоја регистрација на возило на нашиот технички преглед, подаруваме гратис средство за чистење на ветробранско стакло. Акцијата ќе трае во тек на целиот месец август. Утре пак, на 5-ти август на денот на нашиот роденден, со секое точење на гориво на бензинската пумпа нашите потрошувачи ќе добијат гратис течност за чистење на ветробранското стакло од 3 литри“, соопштуваат од Компанијата.
Комплексот „Пин Петрол“ зафаќа површина од 8000 метри квадратни, а деловните објекти се со модерна и софистицирана опрема по највисоки стандарди, за дејностите со кои се занимаваат.
„Граѓаните на едно место можат да ги добијат сите сертифицирани горива, како и врвна услуга во најсовремената станица за технички преглед за сите видови возила, регистрација, сите видови на осигурување, издавање на меѓународни возачки дозволи, документи за управување со туѓо моторно возило, хомологација и сите други услуги што ги диктира новото време и современото работење“, додаваат од „Пин Петрол“.
Во состав на компанијата работи и шалтер на Македонски пошти, како и канцеларија на МВР, заради завршување на едно место на сите законски процедури при регистрација на возила.
Работењето на „Пин Петрол“ е прилагодено на потребите на граѓаните, па службата за технички преглед работи од 7 до 20 часот во работните денови и од 8 до 16 часот во сабота. Останатите содржини, како маркетото и ресторанот со капацитет од 60 места, се во функција 24 часа.
Комплексот располага со голем паркинг простор, покриен со видео надзор, како и автоматска перална за автомобили, автобуси и камиони и селф перални.
„Пин Петрол“ се наоѓа на ул. Ѓорче Петров бр. 725/38 на влезот во населбата „Перо Чичо“.
(Комерцијален текст)