×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Пинокио“ ќе игра по повод Меѓународниот ден на детето

    20.11.2015 09:58 | KumanovoNews

    По повод 20 ноември - Меѓународниот ден на детето, во театар Куманово во понеделник во 18 часот ќе игра претставата за деца „Пинокио“.

    „Пинокио“ ќе игра по повод Меѓународниот ден на детето

    Претставата ќе се прикажува и на 26 и 27 ноември, во 11 и 12 часот. “Пинокио“ е работена според текст на Карло Колоди, а во режија на Бојана Краљевска.

    Лагата на Пинокио има долг нос. Но, кога ќе ги запознае вистината, чесноста и искреноста, тој од дрвена кукла ќе стане вистинско момче. Необични дружења, многу песна и игра ќе го следат во неговите интересни доживувања - велат од Театар Куманово за претставата.

    Актерската екипа ја сочинуваат Александра Михајловска, Владо Дојчиноски, Сања Русеска, Мартин Лазаревски, Кети Дончевска Илиќ и  Љупчо Хаџи – Стојанов.