×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пивоваров: На грчките острови да се отворат кампови за бегалците

    30.01.2016 14:20 | KumanovoNews

    За бегалците да се формира слободна територија каде ќе бидат сместени додека завршат војните во нивните земји, по што ќе можат да се вратат дома.

    Пивоваров: На грчките острови да се отворат кампови за бегалците

    Ваква идеја денеска даде професорот Владимир Пивоваров, советник во Министерството за внатрешни работи на дебатата насловена како „Мигрантите не се само бројка“ која се одржа во „Евро колеџ“. Тој вели дека ниту една земја сама не може да се справи со бегалската криза, а бегалците би можеле да престојуваат на одредена територија што би било поекономично и побезбедно.

    „Грција има толку ненаселени острови. На тие острови би можело да се изградат кампови. Да им се пружи можност да го проживеат тој дел од животот додека се вратат дома. Да не сфатат колегите од Грција дека ова ќе биде на нивна штета, меѓутоа и Македонија кога би била на таа рута и би имала свој остров, зошто тоа да не го направи? Не мора тоа да биде затвор, не мора да биде Голи оток, туку ако има инфилтрирани лица во групите тие ќе бидат на едно подрачје. Толку многу финансии се вложија во оваа криза и кога ќе направите математика, една чиста математика, многу помалку ќе ги чинеше така, многу помалку безбедносни проблеми ќе имаше кои што веќе почнаа да се јавуваат“- изјави Пивоваров.

    Активистот од организацијата НУН, Кастриот Реџепи вели дека бегалците немаат намера да останат во Македонија и генерално од безбедносен аспект не гледа опасност. Тој работи со бегалците на терен во Гевгелија и Табановце.

    „Бегалците кога поминале и кога ги прашале каде поминале најдобро, тие кажале Македонија. Сме пружиле асистенција и помош максимално, не сме имале проблеми. Според бројките на УНХЦР, 65 отсто од бегалците кои поминале се жени и деца. На почетокот поминале мажите додека да се снајдат. Старец од 110 години не тргнал таму од кеиф“- кажа Реџепи.

    На слични теми ќе се дискутира и во другите градови во Македонија. Дискусијата се одржува во рамки на проектот Глокал Дискусии, а ја организира Здружението Диверзити Медиа. Проектот е подржан од Civica Mobilitas, имплементиран од МЦМС и НИРАС.