Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Планинарското друштво “Куманово“ на 1 ноември ќе организира марш на релација Градиште-Габреш-Скачковце.
Патеката е долга 18 км, се пешачи околу 5 часа и ќе учествуваат планинари од Куманово и други градови.
Се тргнува од Свети Ѓорѓи во Градиште, па се оди до Света Петка во Габреш каде се прави поголема пауза , па се качуваме на Островица и оттука од Колицко одиме до село Скачковце. Ова е наша акција, лани ја правевме за прв пат. Очекуваме да има 150 до 200 планинари - изјави Стојанчо Стефановски, претседател на „Куманово“.
Вакви акции планинарското друштво “Куманово“ организира секоја година по повод денот на основањето на друштвото.