Планирани прекини на струја во Куманово и околните села
Поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа, денеска и утре ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија на дел од потрошувачите во Куманово и околните населени места.
Денеска, прекин е планиран: од 08:45 до 14:30 часот во дел од село Долно Коњаре, од 09:00 до 15:00 часот на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“ во населбата Бедиње, додека од 09:15 до 12:15 часот во дел од улицата „11 Октомври“ во Куманово.
За утре, 9 октомври, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе биде дел од селото Биљановце, додека од 09:00 до 15:00 часот на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“ во населбата Бедиње.
Планираните прекини се реализираат согласно однапред утврдени планови за реконструкција и модернизација на електродистрибутивната мрежа.
Од надлежните напоменуваат дека се можни отстапувања од предвидените временски рамки, во зависност од сложеноста на работите и условите на терен.