Мени

Без струја села во Кумановско - липковскиот регион

25.08.2026 08:39 | KumanovoNews

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има денеска и во наредните денови во делови од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, поради интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Без струја села во Кумановско - липковскиот регион

Денеска, од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе биде дел од Бабин Дол, на излезот кон село Биљановце. 

Утре, од 08:45 до 13:45 часот прекин ќе има во дел од село Липково.

Во четврток, од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе остане дел од село Стрезовце во општина Старо Нагоричане.

Прекин е најавен и за 10 септември, од 09:00 до 11:00 часот, во селата Косматац, Мургап, Пезово, Кшање, Кокошиње и Кутлибег.