Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец измамил повеќе негови сограѓани со ветување дека ќе им обезбеди работа во Кувајт за 1000 евра.
Б.К.(39) се претставувал како посредник на фирмата “Ал хок кук интернационал“, и за наводните вработувања добивал пари на рака од 1000 евра и плус една плата на регрутерот. По добро разработена шема, за да си ја осигура добивката, тој со клиентите склучувал договор за заем кај адвокат. Неофицијално, околу 70 граѓани се измамени.
Аплицирав за магационер, а платата требаше да ми биде 30 000 долари годишно. Потпишав договор кај адвокат, дадов 1000 евра и тој почна да ме лаже и завлекува. Му вртев на телефон, а тој ме убедуваше дека ќе биде работата. Подоцна го смени бројот и почна да се крие од мене. Тогаш ми стана сомнително и знаев дека сум изигран- раскажува еден од измамените.
Случајот во полиција го пријавиле 8 лица кои дале 9000 евра. Б.К. денеска е спроведен пред истражен судија со кривична пријава за осум дела “измама“.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, бидејќи постојат сомневања дека истиот е сторител на други вакви дела.
Кумановецот на полицијата и е познат за тешки кражби и имотни деликти за што му биле поднесувани кривични пријави.
Ова не е прв случај кумановци да бидат насамарени за работа во странство, да дадат пари на посредници и да останат дома.