Плазма телевизор за најдобриот купувач во Алфи
08.10.2012 13:18
| KumanovoNews
Сашо Златковски од населбата Пуковски е најдобар купувач за месец септември во „Алфи- техноцентар „ во населбата Карпош. Од компанијата на Златковски му подарија плазма телевизор.

Ја уредував куќата и купив апарати за домаќинство во висина од 198 илјади денари. Среќан сум што јас ја добив наградата, иако да бидам искрен не верува во тоа. Ова е потврда дека Алфи ја цени довербата на купувачите и затоа ќе продолжам да пазарам тука, затоа што се најдобри- изјави Златковски по врачување на наградата.
Од компанијата Алфи најавија дека акцијата за најдобар купувач ќе продолжи и понатаму и најверните купувачи ќе добијат вредни награди.