Мени

Плинска боца ја предизвика силната експлозија- потврди полицијата

23.03.2016 10:29 | KumanovoNews

Запалена плинска боца ја предизвикала експлозијата во станот на булеварот Октомвриска револуција, - потврди полицијата.

Плинска боца ја предизвика силната експлозија- потврди полицијата

Боцата била во кујната на станот,- стои во штурото соопштение на СВР Куманово. Кои се причините за палењето на боцата не се наведени.

Увид извршиле јавен обвинител и стручни лица од Одделот за антитероризам при МВР.

Од експлозијата нема повредени лица, а оштетени се неколку станови во зградата.

Поради силната експлозија што синоќа ги вознемири кумановци, почнаа да се плетат приказни што точно ја предизвикало, плинска боца или нешто друго.