Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кантите ги обезбеди УНДП во рамки на проектот за меѓуопштинска соработка „Заедно градиме мулти еко доверба„, кој се спроведува во општините Куманово и Старо Нагоричане.
ЈП „Чистота и зеленило„, деновиве постави нови канти за отпадоци на Градскиот плоштад. Кантите се донација од УНДП во рамки на проектот за меѓуопштинска соработка „Заедно градиме мулти еко доверба„, кој се спроведува во општините Куманово и Старо Нагоричане.
Набавени се 132 корпи за отпадоци, од кои 88 за Куманово и 44 за Старо Нагоричане. На корпите стои натпис „Грижи се за својата околина„, на четири јазика: македонски, албански, ромски и српски - вели Бобан Бојковски, инспектор за животна средина во Општината Куманово.
Од ЈП „Чистота и зеленило„ најавуваат дека кантите за смет, покрај на плоштадот ќе бидат поставени и на други локации во градот, а ќе се заменат и оние што се оштетени.