×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По две независни кандидатури за градоначалник и советнички листи во Куманово, две листи и во Старо Нагоричане

    03.09.2025 10:34 | KumanovoNews

    Во подрачното одделение на Државната изборна комисија во Куманово доставени се потписи за двајца независни кандидати за градоначалник и две советнички листи на Куманово, како и две независни советнички листи во Старо Нагоричане.

     

    По две независни кандидатури за градоначалник и советнички листи во Куманово, две листи и во Старо Нагоричане

    Како што соопшти Државната изборна комисија предлози за градоначалник доставиле Горан Стојкоски Диро и Нинослав Јакимовски.

    За идниот состав на Советот на Општина Куманово независни листи пријавиле Иван Петковски од „Ред за Куманово“ и Несут Бајрами, поранешен член на партијата Алтернатива.

    Во Старо Нагоричане независни листи за советници доставиле Зоран Петковски и Далибор Серафимовиќ.  

    Еден од условите за да се влезе во оваа изборна трка е најмалку два потписи за кандидирање.

    Рокот за доставување на кандидатурите до Општинската изборна комисија е 13 септември 2025 година, до 24 часот, по што ќе се одлучува за потврдување на истите.

    Потписи за независни кандидати за градоначалници се собрани за општините: Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени Струга, Дебар Струмица, Радовиш, Брвеница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново-Облешево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Гостивар, Демир Хисар, Виница, Сарај, Центар, Аеродром, Карпош, Шуто Оризари, Арачиново, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево, и за градоначалник на Град Скопје. 

    Потписи за независни листи за членови на советите на општините и Советот на Град Скопје се собрани за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Старо Негоричане, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени, Струга, Дебар, Босилово, Ново Село, Струмица, Тетово, Штип, Свети Николе, Лозово, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново-Облешево, Кавадарци, Битола, Могила, Ресен, Демир Хисар, Карпош, Сарај, Центар, Чучер Сандево, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани и за Советот на Град Скопје.