×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По Њујорк делата на Роберт Цветковски во Куманово: Сликата не се прави таа се случува

    22.11.2019 15:01 | KumanovoNews

    Дел од делата на академскиот сликар Роберт Цветковски од Крива Паланка, кои во јануари годинава беа презентирани во „MC Gallery“ во Њујорк, од вчера се изложени во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    По Њујорк делата на Роберт Цветковски во Куманово: Сликата не се прави таа се случува

    Изложбата насловена како „Порака“, составена од дваесетина слики со наслови „Инсомниа“, „Ден и ноќ“, „Мугри“, „Утро“, „Несоница“, „Икона“,  ја носат универзалната порака дека секој ден е ново изненадување, но дека чувствата на тага, болка, радост и среќа се она по што се препознаваме и дефинираме.

    Дела кои се создадени во атељето на уметникот во Крива Паланка, имаат пропатувано голем дел од светот меѓу кои: САД, Кина, Јапонија, Египет, Венецуела, Турција, Германија итн.

    „Јас сум затворен во една мала средина, луѓе многу ретко воопшто знаат дека јас постојам, мислам си владее она мислење дека Крива Паланка е гратче таму некаде, а јас напротив намерно останав таму и од таму се обидувам да го прошетам светот да се вратам и таму да ги создавам делата, да бидам искрен“, вели авторот.

    Тој додава, дека со изложбата „Пораки“ себеси се опишува и покажува дека вчерашниот ден не е ист како денешниот и дека токму од тие причини се труди да не се повторува туку да прави нешто кое ќе биде изненадување и за самиот него.

    „Не се трудам да се повторувам, туку напротив сакам и она што ќе го направам да биде ново, да биде изненадување за мене, затоа што една слика не треба да се прави таа треба да се случи, а јас сум само посредник во тоа случување. Одлуката треба да биде заедничка помеѓу сликата и мене, за кога ќе завршам да можам го ставам потписот“, вели Цветковски.

    Кога станува збор за неговата жанровска определеност вели дека на почетоците му било задоволство да биде посочуван како апстрактен експресионист или наследник на Петар Мазев и Григор Чемерски, но дека подоцна почнал да излегува од тој „калап“ и да се бара самиот себеси.

    „Мене во почетокот тоа ми годеше за после извесен период да сфатам дека тоа нешто секогаш ќе остане зад мене како трага. Од тие причини морав да се одлепам од апстрактниот експресионизам, но да го сочувам она што е внатрешен импулс и енергија, меѓутоа да се обидам на еден сосема поинаков начин да навлезам во самиот простор на сликата и да бидам оригинален. Да не бидам во сенка на никој, да бидам свој и тоа е постојано истражување и постојано барање, токму тоа го гледате денес“,- кажа Цветковски.

    Цветковски, работи како ликовен педагог во неговaтa родна Крива Паланка, каде секојдневно ги учи неговите ученици на занаетот и филозофијата на уметноста и се труди да им покаже дека убавината е надвор од модерната технологија.

    „Имаат децата осет, но за жал мобилните телефони ќе ги однесат во една сосема друга насока. Јас сум сѐ уште оној којшто се труди да извлече од нив максимум, да размислуваат на свој начин, без да ги користат телефоните. Она што ќе го создадат со рака, парцептивно, перцептилно самите да дојдат до едно истражувае за да бидат креатори, нема поубаво од тоа“, додава уметникот.

    На отворањето на изложбата и историчарот на уметноста Роберт Цветковски, потврди дека станува збор за автор кој пренесувајќи ги чувствата преку сликите ги преминува границите и спаѓа во уметниците кои повеќе не ја интерпретираат туку кои ја создаваат реалноста.

    Изложбата „Порака“ ќе биде отворена една недела. Цветковски во Куманово изложува по пауза од 24 години.