По распустот почнуваат поетски читања во училиштата
По завршување на зимскиот распуст, Друштвото на писатели Куманово ќе организира поетски читања прво во средните, а од март и во основните училишта во општината.

Овие поетски читања традиционално се одржуваат секоја година, за да се поттикнат младите да читаат и пишуваат.
Не можам да кажам дека не читаат младите, има млади кои читаат, посебно учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ кои мора да ги пофалам. Поетските читања се одржуваат за да ги мотивираме младите повеќе да читаат, да творат, да соработуваат, да организираат литературни настани - вели Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Од средните училишта прва ќе биде посетена Гимназијата „Гоце Делчев“.