×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По терк од Италија, Словенија и Хрватска ќе се прават проекти во регионот

    18.11.2013 16:02 | KumanovoNews

     Градоначалниците од североисточниот регион се вратија од студиска посета на Италија, Словенија и Хрватска каде следеа презентации на проекти кои таму се спроведуваат.

    По терк од Италија, Словенија и Хрватска ќе се прават проекти во регионот

    Во пет дена тие ги посетија градовите Трст, Копар и Пула и се информираа како да аплицираат за прекугранични проекти и кохезионите проекти, од кои вторите се достапни само за земјите од ЕУ. Со градоначалниците на Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково, во посета беше и Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на Североисточен плански регион, кој вели дека проектите со овие земји се слични, но различни се проблемите со кои се соочуваме.

     Кај нас проблемите во инфраструктурата и патиштата се најболна точка, а кај нив тоа е средено и тие размислуваат за зелени енергии, развој на технолошки зони, развојни инкубатори. Тие разбираат дека многу работи мораме да  решиме за да дојдеме до нивно ниво. Можеме со малку пари, но со многу памет да се направат промени за развој на зелени енергии, на заштеда и енергетска ефикасност која тие многу ја форсираат. Секое училиште ако се смени термофасада и начин на греење ќе заштеди минимум 30 отсто во наредниот период. - вели Протиќ.

    Прекуграничната соработка добро функционира и кај нас, а прекуграничните проекти на некој начин се подготовка за проекти од кохезионите фондови преку кои се добиваат грантови до 30 милиони евра. Кохезионите фондови за земјава ќе бидат достапни кога ќе влезе во ЕУ.

    Студиската посета во овие три земји е дел од поголем проект кој го реализираат Германската развојна фондација и Швајцарската развојна агенција за неколку региони од државата.