Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дејан Јовановски од коaлицијата на ВМРО-ДПМНЕ, денеска си поднесе оставка од Советот на Општина Куманово.
Тој оставката ја поднесува по само три месеци откако ја даде свечената заклетва, поради работа во странство.
За оставката информираше претседателот на Комисијата за мандатни прашања, Дарко Митевски, а беше изгласана од советниците присутни на 52 седница, која е во тек.
Јовановски беше советник од листата на ВМРО – ДПМНЕ, а ослободеното советничко место ќе се пополни Сузана Максимовска, која е следнта кандидатка на партиската листа на последните локални избори.