×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина 79-годишен кумановец од коронавирус, тројца новозаболени

    22.02.2021 21:18 | KumanovoNews

     Еден починат, тројца новозаболени и 6 оздравени од коронавирус, се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово.

    Почина 79-годишен кумановец од коронавирус, тројца новозаболени

    На ниво на државата во болнички услови по компликации од ковид-19 починаа 13 пациенти. Петмина се од Скопје (76, 70, 61, 58, 54 ), 2 пациенти од Кавадарци (87, 78 ), и по еден пациент од Тетово (73), Куманово (79), Охрид (66), Гевгелија (73), Прилеп (80) и Неготино (61).

    Новозаболените се регистрирани во: Скопје – 76, Кавадарци – 19, Неготино – 9, Прилеп – 6, Велес, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Тетово – по 2 , Битола – 9, Гостивар, Штип, Кичево, Виница , Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

    Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 10 нови пациенти. На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 625 и има околу 440 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 342 оздравени пациенти од: Скопје – 101 , Кавадарци – 49, Делчево – 45, Охрид и Струга – по 22, Велес – 18, Прилеп – 14, Неготино – 11, Тетово – 7, Куманово – 6, Гостивар, Демир Капија, Свети Николе и Берово – по 5, Штип – 4, Гевгелија , Радовиш и Валандово – по 3, Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 2, Кочани и Кратово – по 1.

    Досега во земјата се направени 503.565 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата се 99.408, оздравеа 89.742, активни случаи се 6.590.