Почина бегалец од Сирија, ќе биде погребан на муслиманските гробишта
Во текот на вчерашниот ден во Општа болница Куманово е донесен бегалец од Сирија, по што е префрлен во Скопје поради сериозно нарушување на здравствената состојба.

Осман Февзи на возраст околу 58 години е префрлен на Клиника за кардиологија во Скопје, но пред самиот влез на клиниката починал. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Телото на бегалецот е донесено во капелата на болницата и ќе биде погребан на муслиманските гробишта во Куманово.
Од РЦУК и Општа болница Куманово велат дека се чека потребната документација по што бегалецот ќе биде погребан на муслиманските гробишта во градот. Трошоците за погребот ќе ги покрие ИВЗ Куманово. Сириецот со сопругата планирал преку Македонија да замине во Европа.