×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина една од жените повредени во Романовце

    27.02.2020 09:03 | KumanovoNews

    Педесет и четиригодишна жена е петта жртва во несреќата што се случи во неделата, кога во семеен дом во кумановското село Романовце експлодираше плинска боца.

    Почина една од жените повредени во Романовце

    Од скопските клиники информираат, дека жената починала како последица од тешките изгореници здобиени во експлозијата.

    Од експлозијата на плинската боца на лице место загинаа три деца на возраст, од осум, девет и единаесет години, а еден ден подоцна на повредите им подлегна и 58-годишен маж. За живот се борат уште тројца од повредените, а на лекување се и десетгодишно дете и бремена жена.