Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесет и петгодишен градежен работник од кумановското село Черкези, вчера починал откако паднал од објект во изградба во скопска населба.
„Во 09.00 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал. Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.