Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Почина Миодраг Божиновски - Мичо (59), врвен македонски композитор, аранжер и текстописец на народни песни, испеани од врвните македонски естрадни ументници, кои станаа незаборавни хитови и трајно ја збогатиа антологијата на македонското музичко творештво.
Божиновски е роден во Куманово во 1952 година. Својата музичка кариера ја започна во Музичкото училиште “Панче Печев“, како професор по пиано. На негова иницијава и под негово музичко раководство се формира Октетот Куманово. Тој го вивна Октетот до врвот на македонската естрада, со над 250 музички нумери, издадени на повеќе носачи на звук, закитени со многу фестивалски награди.
Од 1984 година Божиновски е вработен во Македонската Радио и Телевизија каде остави видни траги во продукцијата.
Смрта на Божиновски е голема загуба за музичкиот живот во Македонија, за градот Куманово, за Октетот КУМАНОВО, но најголема за неговото семејство.