×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина пешакот што го прегази голф на тротоар

    10.09.2013 15:20 | KumanovoNews

     Пешакот Бранко Д.(82) од Куманово, кој пред три дена беше прегазен на булеварот „Октомвриска револуција„ додека се движел по тротоар, синоќа им подлегнал на повредите во Клиничкиот центар во Скопје.

    Почина пешакот што го прегази голф на тротоар

    Сообраќајната несреќа се случила во саботата во 18.55 часот, кога автомобил голф со кој управувал А.В.(25) од Куманово, движејќи се по булеварот „Октомвриска револуција„ од центарот на градот кон периферијата, на самата раскрсница кај Зеленото пазарче изгубил контрола на возилото и излетал од коловозот. Продолжил да се движи по тротоарот и директно удрил во пешакот, а потоа и во контејнер и три паркирани автомобили. Повредениот пешак и возачот на автомобилот со возило на Итна помош се пренесени во Кумановската болница, но поради сериозноста на повредите старецот бил префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје. Полицијата работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.

     На булеварот „Октомвриска Револуција„ многу често гинат  недолжни граѓани поради брзо возење на автомобили. Во овој дел од градот речиси и да нема ден без сообраќајна несреќа, а во јуни беше прегазена осмооделенката Теодора Цветковска и нејзината другарка додека се шетале по Градскиот кеј. Тогаш граѓаните направија петиција за поставување на лежечки полицајци и бараа зајакнување на полициска контрола на булеварот за да се спречи дивеењето на несовесните возачи со скапи автомобили.

                                                   (фото архива)