Почина повреденото девојче
06.06.2013 09:11
| KumanovoNews
Петнаесетгодишната Теодора Ц. од населбата Железничка Станица, која во неделата беше тешко повредена во сообраќајна несреќа им подлегнала на повредите.
Како што соопштуваат од полцијата , девојчето починало синоќа во 22.53 минути на една од скопските клиники, откако четири дена се бореше за живот со сериозни повреди на главата и рбетот .
Осмооделенката настрада во страотната сообраќајна несреќа на раскрсницата на „Трета МУБ„ и „Октомвриска Револуција„ кога во неа и нејзината другарка удри автомобил додека на тротоар чекале да поминат на пешачки премин.