Мени

Почина прегазеното дете

02.07.2016 09:11 | KumanovoNews

Почина детето кое беше прегазено пред Здравствениот дом во Куманово, пренесуваат медиумите.

Почина прегазеното дете

4 годишниот  Алмир беше прегазен минатата сабота во 22.30 часот, додека со своите родители бил на лекар. Во ходникот пред ординацијата настанала расправија помеѓу таткото на детето и кумановецот Б.И., која продолжила надвор. Тогаш возачот со својот мерцедес удрил во родителите и детето, по што побегнал.

Наредниот ден судија од Основниот суд – Куманово, на Б.И. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.