Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешниот претседател на Собранието на Општината Куманово, Тоде Илиќ, синоќа ненадејно почина во својот дом на 71 годишна возраст.
Илиќ е роден на 7 април 1943 година во селото Никуљане, а по завршувањето на основното и средно училиште во Куманово, заминал на студии на Земјоделскиот факултет во Белград. Како дипломиран инжинер технолог се вработил во фабриката „Житомел„, каде подоцна станал и директор.
Како истакнат општествено-политички работник, во 1981 година е избран за претседател на општинскиот комитет на СКМ - Куманово. Во 1984 година станува прв човек на Куманово, претседател на Собранието на Општина Куманово.
По повод смртта на Илиќ, утре во 10.30 часот во Општината Куманово ќе се одржи комеморативна седница на која ќе зборува градоначалникот Зоран Дамјановски. Погребот на Илиќ е утре на Градските гробишта во Куманово.