Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца здравствени работници се помеѓу новите 18 случаи позитивни на коронавирус, регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово.
Станува забор за две медицински сестри од Кумановската болница и еден лекар кој работи во Скопје. Од новозаболените 17 се од Куманово и еден од Липково.
Сите новозаболени имале контакти со веќе позитивни членови во семејството или на работа, - велат од ЦЈЗ Куманово.
Починати се двајца пациенти од Куманово (64 и 72), кое се лекувале во болнички услови.
Во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 45, Куманово 18, Штип 11, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 4, Велес 4, Гостивар 9,
Струмица 2, Виница 2, Делчево 4 и Свети Николе 3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076, бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900.