Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За 18.000 ученици во Општина Куманово од денеска и официјално почна летниот распуст.
Со настава завршија 11.500 основци во 11 училишта и 6.500 средношколци во 5 средни училишта во градо.
Сите ученици се на распуст, а оние кои полагаат екстерно етика денеска се на училиште. Наставниците остануваат на работа. Не очекува сумирање на резултати, соопштување на успех по советот и потоа не очекува доделување на свидетелства. За осмооделенците ќе биде порано на 20 јуни доделувањето, а за оние од прво до седмо се доделуваат на 28 јуни - вели Елизабета Костадиновска Костиќ, помошник директор во ОУ “Браќа Миладиновци“.
Од училишните клупи во Куманово оваа година излегоа 1640 матуранти од кои поголем дел ќе продолжат на факултет.