Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За повеќе од 17.000 ученици во основните и средните училишта во Куманово денеска започна новата учебна година.
Во 16 основни училишта на настава тргнаа 11.400 ученици, а во 5 средни училишта околу 6.500 ученици. Во прва година се запишани околу 1550 ученици, а првачиња има околу 1170.
За првачињата денеска во училиштата беше организиран свечен прием.
Како и секоја година се организира приредба бидејќи тоа е посебен ден за нашите првачиња и мора да се одбележи. Тој ден останува во сеќавањето на првачињата. Од тие први впечатоци зависи и целата перцепција понатаму за школувањето. Приредбата ја подготвија децата кои се шесто одделение заедно со наставничките - вели Елизабета Костадиновска Костиќ, помошник директор во ОУ“Браќа Миладиновци“.
Во ова училиште годинава се запишани 102 првачиња.