Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера и денеска 110 кумановци се вакцинирале против сезонски грип.
Во Центарот за јавно здравје располага со 1200 дози вакцина против сезонски грип.
Овие количини вообичаено секоја година ги требуваме. Оваа година вакцината е од германски производител. Наменета е за повозрасни луѓе над 65 години. Тоа се болни со хронични заболувања, белодробни заболувања, срцеви заболувања, дијабетичари, сите оние кои имаат намален имунитет. Она што е значајно е дека цената и оваа година е 400 денари. Грипот е сезонско заболување и оваа вакцинација треба да почне навреме за да граѓаните бидат заштитени - вели Јадранка Стаменковска, раководител на одделение за епидемиолошка дејност во Центар за јавно здравје.
Сите заинтересирани граѓани вакцина можат да примат во Центарот за јавно здравје од 7 до 15 часот.
Поголем број на регистрирани заболени од сезонски грип се очекува да има во јануари и февруари.