Почнаа ископувањата на пелинско Градиште
12.08.2014 11:53
| KumanovoNews
Археолошките ископувања на локалитетот Градиште во село Пелинце почнаа вчера и ќе траат во наредните 15 дена.

На локалитетот ќе работи Александра Санев од Археолошки музеј Скопје заедно со Дејан Ѓорѓиевски и Мирослав Петковски, археолози од Народен музеј Куманово.
Се работи за праисториска и раноантичка населба, истражувана кај нас уште од 80 - те години во континуитет. Градиште е познато по тоа што таму е откриено светилиште од рано бронзено време - рече Анита Цветановска, директорка на Народен музеј Куманово.
Ископувањата се финансирани од Министерството за култура.