×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнаа со работа зелените и добиточниот пазар, бувљакот ќе почека

    06.05.2020 13:27 | KumanovoNews

      Од вчера започнаа со работа двата зелените пазари на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“. Пазарите ќе работат секој работен ден од 8 до 16 часот, но не и за викенд. Во сабота ќе биде отворен и добиточниот пазар.

    Почнаа со работа зелените и добиточниот пазар, бувљакот ќе почека

    „ Во деновите коишто се утврдени како работни, граѓаните како и закупците се задолжении да ги почитуваат донесените препораки и мерки, во смисла на држење на растојание од 2 метри, задолжително носење на заштитна маска и ракавици од страна на закупците коишто работат на зелените пазари  и задолжително носење на заштитна маска и ракавици од страна на купувачите на зелените пазари “,- вели Душица Сеизовска-Јовановиќ, советник на директорот за правни работи во ЈП „Пазаришта“ Куманово.

    Во изминатиот период пазарите работе само три дена во неделата, со скратено работно време, поради коронавирусот.

    Донесена е одлука и за отворање на добиточниот пазар, а согласно донесените заклучоци досега сите животни коишто ќе влезат во пазарот мора да поседуваат валиден сертификат за здравствена состојба, возилото со коишто се врши превоз на овие животни исто така треба да поседува сертификат за извршена дезинфекција од страна на ветеринарна служба. Додека при транспортот не треба да доаѓаат во контакт со животни од непознат статус. Тоа е делот којшто се однесува на законските акти.

    Пазарот за стари работи останува и понатаму затворен, поради преголема фрекфенција на луѓе во овој даден момент и согласно одлуките донесени од страна на надлежните институции

    Во моментот ЈП „Пазаришта“ врши дезинфекција на целокупните површини на коишто се одвиваат работните процеси.