×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнаа уписите во средните училишта

    23.06.2014 08:21 | KumanovoNews

    Во средните училишта денеска и утре трае уписот за ученици во прва година.

    Почнаа уписите во средните училишта

    Голем интерес за запишување има во Гимназија “Гоце Делчев“ каде до 10 часот документи поднеле околу деведесет ученици.

      - Има 74 ученици за општа насока на македонски јазик, и за билингвална паралелка досега има 10 ученици. Се бараат 60 поени за упис. Одзивот е голем, пред самиот влез има многу гужва. Оние кои нема да успеат да се запишат во првиот термин, вториот термин од првиот уписен рок е на 30 јуни и 1 јули - вели Кети Домазетовиќ, член на комисија за упис во “Гоце Делчев“.

    Учениците кои конкурираа за запишување во гимназијата велат дека го избрале ова училиште бидејќи сметаат дека е најдобро во градот.

       - Гимназија “Гоце Делчев“ е најдоброто училиште во град Куманово. Нас ни е семејна традиција да учиме во ова училиште. Мајка ми, татко ми, брат ми, сите завршиле тука и се надевам дека и јас ќе бидам примена - рече Марија Суботиќ, ученик.

    Во средното училиште “Перо Наков“ одзивот за упис е добар и голем интерес има за економските струки.

      - За економски техничар до 10 часот поднесени се 22 пријави, техничар за трговија и маркетинг 40, деловен секретар 10 и банкарски техничар 10 пријави. Во текстилно - кожарска струка за конфекциски техничар имаме 2 пријавени, а техничар за дизајн на облека имаме 3, за техничар за обувки сеуште нема пријавени. Засега е добро  и очекуваме уште деца - изјави Мила Жибак од комисија за упис во “Перо Наков“.

     Во средните училишта во Куманово и Липково има над 2000 слободни места за прием на ученици во прва година.