×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнува етапната исплата на јунските пензии

    25.06.2020 20:42 | KumanovoNews

     Од утре (петок) почнува исплатата на јунските пензии. Со цел да се  овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот исплатата на пензиите ќе се одвива етапно.

    Почнува етапната исплата на јунските пензии

    Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

    -    Во петок, 26 јуни исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

    -    Во понеделник, 29 јуни, исплата на пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари;  

    -    Во вторник, 30 јуни, исплата на пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари и

    -    Во среда, 01 јули, исплата на пензии со висина над 18.001 денари.

    Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од петок, 26 јуни. Тие можат да ја подигнат јунската пензијата на банкомат или да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа.

    „Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на мерките за ограничување на изложеноста на граѓаните со цел спречување и ширење на коронавирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.Потсетуваме на обврската за носење маска којашто ги покрива носот и устата како и држење растојание од најмалку два метра при чекање ред пред и внатре во банките“, велат од Министерството за труд и социјална политика.