Почнува летното крпење на дупки по улиците
Oд утре, пa во наредните месец дена ќе трае летното крпење на дупки по улиците во градот.

Од општина Куманово информираат дека асфалтирањето на оштетувањата на улиците ќе отпочне во централното градско подрачје, а потоа ќе бидат опфатени и улици во приградските населби.
“Од среда ќе почнеме во централно градско подрачје со машинско сечење на ударните дупки прво, па ќе одиме од центар кон периферија. Конкретно дел од “Народна револуција“, “Ленинова“, “Моша Пијаде“, “Илинденска“, “Гоце Делчев“ и други. Потоа ќе следи делот “11 ноември“ и “Индустриска“, крстосница “Трета МУБ“ и “Гоце Делчев“. Ќе има крпење на дупки со мала површина од 3 до 13 квадрати, а на некои места има и поголеми површини од 100 квадрати. Тие ќе бидат потполнети со асфалт“ - рече Момчило Јовановски од сектор за урбанизам во општина Куманово.
За летното крпење на улици општината ќе потроши 11.300.000 денари.