Подароци за децата без родители
Пратеничката Дарка Петрушевска денеска во Центарот за социјални работи подели пакетчиња на децата без родители сместени во згрижувачки семјства. Десетина дечиња денеска се израдуваа, и со песнички се заблагодарија за новогодишниот подарок.

Сите носат подароци на децата сместени во институциите и некако ги забораваат децата што се згрижени во семејствата. Јас од пред неколку години ја востановив оваа пракса да се среќавам со овие дечиња, кои имаат право и потреба од родителска љубов.Во оваа прилика сакам и да се заблагодарам на лицата кои се грижат за децата и им ги обезбедуваат потребните услови за среќно детство, и да им посакам многу здравје и среќа во Новата година- рече Петрушевска.