Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во СВР Куманово денеска петнаесетина деца од основните училишта во Куманово, добија скромни подароци од полицијата бидејќи учествуваа со свои творби на конкурсот “Децата и полицијата“.
Конкурсот беше распишан по повод 7 мај -Денот на полицијата.
На сите учесници кои напишаа стихотворби за конкурсот им доделивме несесери. Денеска сите се наградени, а посебни награди за најдобрите ќе има за Свети Кирил и Методи. Децата на хамер пишуваа пораки, за тоа какви видувања тие имаат за безбедноста, работата на полицијата - рече Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција во СВР Куманово.
Утрово претставници на СВР Куманово положија цвеќе на вечните почивалишта на загинатите припадници на МВР, на градските гробишта. Оваа година изостана коктелот кој порано се организираше за Денот на полицијата.