×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поддршка за „Братска листа“ од српските министри Селаковиќ и Миличевиќ

    16.10.2025 10:20 | KumanovoNews

    Министрите во Владата на Република Србија, Никола Селаковиќ и Ѓорѓе Миличевиќ, како и директорот на Управата за дијаспора Владимир Кокановиќ, дадоа поддршка на „Братската листа“ на ДПСМ за советници во Советот на Општина Куманово, додека вчера присуствуваа на годишниот концерт на „Српски вез“ во Куманово.

    Поддршка за „Братска листа“ од српските министри Селаковиќ и Миличевиќ

    Тие сметаат дека е голема храброст и одважност на Демократската партија на Србите во Македонија на локалните избори да излезе самостојно, а фактот дека направиле заедничка листа е уште еден доказ за поврзаноста на двата братски народа — српскиот и македонскиот.

    „Ние дадовме поддршка на ДПСМ и на „Братската листа“ и се надеваме дека таа ќе прерасне во Братски покрет. Она што ме импресионира е големиот број оптимистични, ведри и борбени луѓе кои ова го почувствуваа како нов ветар во Куманово. Не постои простор во Србија и Македонија каде двата народа не се толку испреплетени. Секогаш биле заедно во добро и зло и секогаш си помагале кога било најпотребно, особено овде во Куманово. Кога почнав да ја следам кампањата, заклучив дека ДПСМ не ги застапува само националните интереси, туку ја афирмира љубовта, братството и блискоста, и најверојатно од тоа произлегло името „Братска листа““, изјави Селаковиќ.

    Министерот за дијаспора Миличевиќ, очекува листата да го постигне посакуваниот успех.

    „Немаме дилема дека Српската заедница избрала партнери со кои на локално ниво ќе ги решава отворените прашања и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. Даваме поддршка на нивниот избор и убедени сме дека „Братската листа“ ќе оствари одличен резултат и ќе ја има довербата на граѓаните“, изјави министерот Миличевиќ.

    Директорот на Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, Владимир Кокановиќ, смета дека Српската заедница во Македонија претставува мост помеѓу двата народа и двете држави.

    „Братската листа нуди политика на поврзување, обединување и заедништво, и тоа секогаш ќе го поддржуваме“, додаде Кокановиќ.

    Носител на „Братска листа“ е Иван Стоилковиќ, а на гласачкото ливче се наоѓа под реден број 3.