×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поддршката за младите земјоделци ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра, кажа Тасевска

    02.07.2020 11:26 | KumanovoNews

    Во изминатите 3 години покажавме што значи грижа за земјоделството. Субвенциите ги зголемивме, а исплатата се одвива навремено и неселективно. За овие 3 години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, - изјави Лидија Тасевска, кандидат за пратеник на СДСМ во Втората изборна единица, на денешната прес-конференција.

    Поддршката за младите земјоделци ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра, кажа Тасевска

    Таа потсети дека оваа Влада ја воведе зелената нафта, со што 200 милиони денари завршија кај 55.000 земјоделци, а поддршкатата за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 евра на 20.000 евра. Најави уште поголема грижа во следните 4 години ако ја добијат поддршката на граѓаните.

    „До 2024 година, обезбедуваме целосно бесплатна 100 отсто субвенционирана „зелена“ нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците. Градиме и 3 нови откупно дистрибутивни пунктови во Ресен, Скопје и Струмица, за сигурен пласман и поконкурентно производство. Поддршката кон младите земјоделци, кон жените земјоделки продолжува. Се укина евидентниот лист, со што се подобри и поедностави пријавувањето на произведениот тутун. Полесно се аплицира за новите повисоки субвенции“, додаде Тасевска.

    Таа порача дека земјоделството е особено важно во време на глобална криза, затоа треба да се создаде модерно, одржливо и иновативно земјоделство.

    „ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги манипулира земјоделците и го гази нивниот труд. СДСМ покажа како навистина се води грижа и се вреднува трудот“, рече на крај Тасевска.