Поделени повеќето решенијата на членовите на избирачките одбори
30.03.2014 11:01
| KumanovoNews
Осумдесет насто од членовите на избирачките одбори во Општина Куманово веќе ги подигнале решенијата во Општинската изборна комисија.

Во наредните 6 или 7 дена ќе ги издадеме сите решенија за да можеме да пристапиме кон едукација на избирачките одбори. Се надеваме дека едукацијата ќе ја извршиме при крајот на следната недела бидејќи со роковникот ние сме обврзани заклучно со 7 април да ја завршиме едукацијата на членовите на избирачките одбори - изјави Виолета Арсовска, претседател на ОИК Куманово.
Членовите на избирачките одбори ќе се едуцираат за тоа како ќе се одвива гласачкиот процес согласно новите измени на Изборниот законик.