×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подрачното министерство за земјоделство ќе се сели?

    22.10.2014 18:26 | KumanovoNews

    Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се пресели во нов објект, бидејќи сегашниот не ги задоволува просторните и технички услови за работа.

    Подрачното министерство за земјоделство ќе се сели?

    Ова денеска го најави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, откако лично се увери дека осумнаест вработени ги извршуваат секојдневните обврски во две канцеларии со недоволен број на компјутери.

    Забележав дека состојбата не е баш најдобра во делот на просторните услови, меѓутоа од аспект на човечкит ресурси и екипираноста е на задоволително ниво. Двете простории ќе бидат оспособени и со компјутери. Во периодот што следува се надевам дека и просторните услови ќе бидат подобрени, бидејќи се разгледуваат повеќе опции кои се на располагање за да може подрачната единица да биде во порепрезентативен објект и да биде подостоинствено во делот на движењето на земјоделците и граѓаните во просториите во кои ги остваруваат своите потреби, односно да ги добиваат услугите, - рече заменик министерот.

    Подрачното министерство најверојатно ќе се пресели на првиот кат на поранешниот Дом на АРМ, кој пред неколку години е даден на користење на Министерството за земјоделство. Но досега не е направено ништо просторот да се уреди и преадаптира.

    Во кумановскиот регион годишно се поднесуваат 12.300 барања за субвенционирање и исплатени се 3.5 милиони евра по тој основ.

    Можам да ги пофалам колегите дека добро си ја вршат работата, бидејќи најголем дел од барањта дури 97 проценти се одобрени, додека 3 проценти се одбиени заради системски недостатоци. Директните финасиски плаќања за земјоделските култури изнесуваат околу 1,5 милион евра и 1,5 милиони евра за ситен добиток во делот на сточарството. Се надевам дека ќе го задржиме ова темпо и наредната година,-нагласи заменик-министерот.

    Во подрачното министерството за земјоделство има 34 вработени, од нив 18 се во одделението за организација и координација и 16 се во Шумската полиција.