Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Подземни води поплавилe подрум на викендица и земјиште со површина од 1 хектар, во кумановското село Шупли Камен.
Мештаните објаснуваат дека подземната вода се појавила уште пред месец дена по последните поплави. Тие помош побарале на бројот 195 во Регионалниот центар за управување со кризи.
“Денеска надлежните ќе излезат на терен за да видат дали може да се дејствува или не. Кога ќе се намали нивото на река Пчиња, ќе се намалат и подземните води“ - вели Горан Стојановски од РЦУК.
Стојановски потврдува дека на повеќе локации во последно време има појава на подземни води.