Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дизел горивото поевтинува за денар и половина, бензинот Еуросупер од 95 октани се намалува за половина денар, а Еуросупер 98 за еден денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
На бензиските пумпи од вечерва на полноќ пониска цена ќе имаат и Екстра лесното масло за горење и Мазутот.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 73,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 75,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 67,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 66,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 41,328 (денари/килограм)
Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 проценти. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување по која е направена најновата корекција на цените.