Мени

Поради пониските цени, граѓаните од соседството точат дизел во пограничните општини, вели Мицкоски

10.03.2026 13:48 | KumanovoNews

Граѓани од соседните земји точат дизел во пограничните општини, поради што на одредени бензински пумпи повремено се случува да снема гориво. Сепак, во земјава има доволно количини, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

 

Поради пониските цени, граѓаните од соседството точат дизел во пограничните општини, вели Мицкоски

Тој додаде дека и покрај поскапувањата, цените на дизелот и бензинот во земјава се најниски во споредба со земјите од регионот.

„Кај нас дизелот чини 1,39 евра за литар. Во соседна Албанија цената е 1,79 евра, односно околу 30 проценти поскапо. Во Србија е 1,73 евра, што е околу 25 проценти поскапо, додека во Косово цената достигнува 1,52–1,53 евра, односно околу 15 проценти повеќе. Во Грција дизелот е 1,59 евра, а во Бугарија 1,41 евро. Во моментов имаме најниска цена на дизел горивото во регионот, а слична е состојбата и со бензинот од 95 и 98 октани“, изјави премиерот.

Тој посочи дека се очекува притисокот да продолжи и во наредниот период, но увери дека има доволно количини гориво.

„Разговараме со дистрибутерите и со компаниите кои ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати. Во моментов нема опасност од каков било недостаток“, додаде Мицкоски.

Премиерот најави дека утре ќе има состаноци со претставници на синџирите на супермаркети и хипермаркети, со цел да не се злоупотреби актуелната состојба и веднаш да се зголемат цените на производите.