Погребана Теодора Цветковска
07.06.2013 13:39
| KumanovoNews
На Градските гробишта во Куманово, денеска во 14 часот, беше погребана петнаесетгодишната Теодора Цветковска, која завчера им подлегна на повредите задобиени во сообраќајната несреќа.
Скршени од болка и во голема тага до вечното почивалиште ја испратија членовите на нејзиното семејство, роднини, пријатели, другари, соученици и нивни родители, професори и голем број на граѓани.
Осмооделенката настрада во неделата на раскрсницата на булеварите „Октомвриска револуција„ и “Трета МУБ„ кога во неа удрил автомобил додека чекала да помине на пешачки премин.